Најмалку 288 лица загинаа во железничка несреќа во источна Индија, тоа е новиот биланс што денеска го објавија претставници на противпожарната служба. Се стравува дека конечниот број на жртви ќе биде поголем, а како што е соопштено, во несреќата се повредени над 850 лица.

Се уште траат акциите за спасување. Два патнички воза синоќа еден по друг излетале од шините на исто место.

Десет вагони од еден патнички воз излетале од шините на соседната пруга кога друг патнички воз налетал на нив од спротивната насока. Истрагата за причините за несреќата е во тек.

Индискиот премиер Нарендра Моди изрази сочувство и понуди државна помош.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.