И групата „Слобода на Русија“, која ги обединува руските борци против Кремљ со седиште во Украина, негираше каква било вмешаност во смртоносниот вооружен напад во петокот во концертна сала во предградие на Москва.

Нагласуваме дека Легијата не се бори против руските цивили“, соопшти групата која го обвинува „терористичкиот режим на Путин“.

Руските државни новински агенции јавија дека полицијата и други служби за итни случаи пристигнале на местото на настанот. Некои луѓе сè уште беа во концертната сала.

Едно непроверено видео објавено на социјалните мрежи покажува дека мажи со автоматско оружје постојано пукаат во цивили, вклучително и жени, кои се обидувале да се сокријат под, како што изгледа, знак на влезот во Крокус сити хол.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.