Европската асоцијација на производители на свежи производи, Freshfel Europe, ги повикува носителите на одлуки да преземат акција за да го ублажат далекусежното влијание од порастот на цените на енергијата, особено врз секторот за овошје и зеленчук.
Високите цени на енергијата и гасот, како и поскапувањето на сите инпути, услуги и логистика веќе не можат да се апсорбираат. Тие нагласуваат дека овие поскапувања не можат да се надоместат поради малите маржи и отсуството на трансфер на трошоците на потрошувачите.
Без енергија, производството и дистрибуцијата на овошје и зеленчук не може да опстане. Целиот синџир на снабдување е загрозен.
Операторите во оваа индустрија се соочуваат со нееднакви услови на различни национални енергетски пазари во ЕУ. Бидејќи работат со многу мали маржи, а во некои земји цената на енергенсите е зголемена и до десет пати, тие се изложени на економски притисок, предупредуваат. Од друга страна, во последните месеци има ненадеен пад на потрошувачката на свежи производи за 10 отсто.
Производителите може да очекуваат финансиски потешкотии или дури и банкрот доколку наскоро не се најдат решенија.
Филип Бинар, генералниот претставник на Freshfel Europe изјави дека процениле дека дополнителните трошоци за енергија ќе бидат околу 6,8 милијарди евра за тековната сезона – од овоштарниците до заминувањето на свежите производи до станиците за пакување. Секоја категорија во синџирот на снабдување може да има дополнителни трошоци за енергија.
„Доколку трендовите на складирање на јаболка останат непроменети, пресметавме дека таквите дополнителни сметки би можеле да бидат близу 200 милиони евра за следната сезона.“
Тие претходно предупредија дека минатата година секторот претрпел годишни дополнителни трошоци од околу 10 милијарди евра. Малопродажните цени на другите прехранбени сектори неодамна се зголемија за 15 до 20 проценти, префрлајќи дополнителни трошоци на потрошувачите. Меѓутоа, тоа не се случило кога станува збор за свежи производи. Тие предупредуваат дека без соодветно складирање, нивната контаминација ќе се зголеми, што значи дека повеќе храна ќе заврши во ѓубрето.
Бинард нагласи дека овој сектор треба да биде исклучен од какво било потенцијално намалување на потрошувачката на енергија, бидејќи тоа е единствениот начин да се обезбеди испорака на квалитетни и свежи производи до купувачите.
Тој предупредува дека во наредните месеци ќе се намалат залихите, а одгледувачите ќе престанат да работат или ќе остават необрани плодови бидејќи не можат да го складираат.
„Недостигот на соодветна контрола на температурата и светлината ги става растенијата во ризик од мирување, намалувајќи ги приносите. Сето ова може негативно да се одрази на снабдувањето, на кое дополнително се повеќе влијаат и климатските промени“.
извор : агротим.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.