Амбасадорката на Украина во САД, Оксана Маркарова, во понеделникот ја обвини Русија за употреба на вакуумска бомба во североисточниот украински град Октирка.
Амнести интернешенел и Хјуман рајтс воч понатаму изјавија дека Русија користела забранета касетна муниција, наводно со нив за да пука во предучилишна установа каде што има цивили.
Извештаите кои ја обвинуваат Русија за употреба на касетна и вакумска муниција во конфликтот во Украина се „лажни“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Руските трупи не вршат никакви удари врз цивилната инфраструктура или станбените комплекси. Тоа не доаѓа предвид. Зборуваме само за демилитаризација на Украина, за воени објекти – рече Песков, а пренесува „Спутник“.
Важно е да се забележи дека во голем број случаи што ги спомнавте, зборуваме за напади од истите националистички единици кои користат цивилни објекти како жив штит, додаде тој.
Руската армија и народните милиции на Доњецк и Луганск пријавија повеќе случаи на украински доброволни баталјони кои користеле Артилерија Град против во урбаните области.
Слични напади се забележани и врз градови во републиките во Донбас. Руското Министерство за одбрана ја обвини украинската армија и националистичките единици за распоредување артилериски и минофрлачки системи во населени места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.