Судот во Басман во Москва добил истражно барање за притвор на уште еден, осмо обвинет во случајот со терористичкиот напад во концертната сала Крокус Сити во близина на Москва, соопштија за Интерфакс од прес-службата на судот.

Судот доби барање од истражниот орган за определување превентивна мерка притвор во врска со Касимов Алишер Хатамов, соопштија од прес-службата.

Судот во Басман од неделата им одреди притвор на седуммина обвинети во случајот со терористичкиот напад на Крокус, меѓу кои четворица за кои истрагата тврди дека биле директни извршители на нападот и три лица кои, според истражителите, им помогнале на сторителите во подготовката на кривичното дело – им обезбеди стан, автомобил и пари.

Шефот на Истражниот комитет на Русија, Александар Бастрикин, вчера изјави дека осомничените ја признале вината и дале исказ во истрагата за околностите на злосторството, како и за нарачателите.

На 23 март, директорот на руската ФСБ, Александар Бортников, го информираше рускиот претседател Владимир Путин дека во врска со нападот се приведени 11 лица, вклучително и сите четворица осомничени дека се директно вклучени во терористичкиот напад.

Во терористичкиот напад на 22 март во концертната сала Крокус Сити Хол загинаа 139 лица, а околу 180 беа повредени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.