Австралискиот премиер, Скот Морисон, се соочи со критиките за неговото лидерство, изјавувајќи дека неговата влада била премногу оптимистичка за влијанието на вакцинацијата против корона вирус, што резултираше со разочарување и исцрпеност кога варијантата омикрон се прошири низ целата земја.
Поддршката за Морисон е падната на најниско ниво во последните две години, со пад на довербата на јавноста нарушена со недостигот на брзи антигенски тестови, со бројка на заразени со омикрон од над милион во текот на летото, а изборите се закажани за четири месеци.
Во обраќањето до Националниот прес-клуб во Канбера, Морисон кажа дека ќе ги прифати критиките што му доаѓаат за лидерската позиција.
Не направив сè како што треба – изјави Морисон.
Тој во говорот призна дека неговиот фокус бил на постигнување рамнотежа меѓу здравствените совети и економијата, а омикрон ги променил правилата, ги нарушил синџирите на снабдување и предизвикал недостиг на тестови.
На почетокот на јануари, Морисон кажа дека неговата влада усвоила пристап на соживот со пандемијата наместо повторно да воведе мерки за затворање.
Како што влеговме во летото, можеби бевме премногу оптимисти – изјави Морисон, додавајќи дека тоа ја зголеми фрустрацијата кај луѓето кога вакцинацијата не го спречи ширењето на омикрон.
Одговарајќи на критиките дека неговата влада не предвидела потреба од повеќе тестови, Морисон изјави дека снабдувањето со тестови за Ковид-19 за време на поголемиот дел од пандемијата е одговорност на австралиските држави.
Тој ја призна фрустрацијата на јавноста, но рече дека на земјата сè уште и треба искусен лидер.
Стапката на смртност поврзана со корона вирус во Австралија е меѓу најниските во светот. Земјата има висока стапка на вакцинација и покрај подоцнежниот почеток на вакцинацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.