Премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки, на дипломатска конференција во Варшава порачаека Русија не го искористила целиот свој потенцијал во воената операција во Украина.

Русија денес е ранета мечка. Некои прерано проценија дека таа е поразена во конфликтите во Украина. Тоа е моќна држава со голем потенцијал, ангажираше само еден дел од неа – изјави Моравјецки.

Според полскиот премиер, некои земји од Европската Унија не се против тоа украинската армија да го положи оружјето.

Има пукнатини во европската солидарност. Постојат земји кои со задоволство би ја поддржале Украина во одлуката да го положи оружјето, наместо да го зајакнат нејзиниот одбранбен потенцијал – истакна Моравјецки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.