Русија ќе воведе привремени мерки за забрана на странските инвеститори кои сакаат да го продадат својот имот со цел да се осигура дека ќе донесат добро промислена одлука, а не да донесат одлука под политички притисок, изјави денеска рускиот премиер Михаил Мишустин.

Во сегашната ситуација со санкциите, странските претприемачи се принудени да не се водат од економски фактори, туку да носат одлуки под политички притисок. Со цел да им се даде шанса да донесат промислена одлука, подготвена е претседателска наредба за воведување привремени ограничувања за оставање руски имот- рече Мишустин на владиниот состанок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.