Министрите од Владата на Велика Британија денеска ќе ја имаат првата аудиенција кај кралот Чарлс, само неколку дена откако новата премиерка Лиз Трас ја формираше својата влада, јави ДПА.

Министрите ќе присуствуваат на денешната церемонија во палатата „Сент Џејмс“, каде Советот за наследување и формално ќе го прогласи Чарлс Трети за крал на Обединетото Кралство.

Тие подоцна ќе се упатат во Бакингемската палата на аудиенција кај монархот. Премиерката Трас вчера ја имаше првата аудиенција кај новиот крал.

Трас се поклони при средбата со кралот Чарлс. Таа му изрази сочувство на монархот за смртта на неговата мајка, а тој ѝ подаде рака и ѝ се заблагодари што одвои време да дојде и покрај нејзиниот напорен распоред.

Беше толку трогателно попладнево кога пристигнавме овде, сите овие луѓе кои дојдоа да изразат сочувств”, рече Чарлс при неговото враќање во Лондон вчера од Шкотска, каде што почина кралицата Елизабета.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.