На руската војска и е наредено да ја прошири својата офанзива во Украина „во сите правци“ откако Киев одби да одржи разговори во главниот град на Белорусија, Минск, се наведува во денешното соопштение на Министерството за одбрана.

Откако украинската страна го отфрли преговарачкиот процес, денеска сите единици добија наредба да ја прошират офанзивата во сите правци, во согласност со плановите на операцијата“, се наведува во соопштението на портпаролот на руската армија, Игор Конашенков.

Сајтот „Киев Индипендент“ предмалку јави дека во главниот град, како и во неколку други градови низ земјата, е прогласена воздушна опасност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.