Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска изјави дека Грција презела мерки за да ги обезбеди потребните енергетски резерви во текот на зимата во случај Русија да ја запре испораката на гас.
Подготвени сме за најлошото можно сценарио, а тоа е Русија да ги запре испораките на природен гас – изјави Мицотакис на прес-конференција во Солун.
Тој рече дека Грција обезбедила доволно товари течен природен гас, дека неколку електрани се подготвени да преминат од гас на мазут и дека капацитетите на јаглен се зголемени, пренесе Ројтерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.