Британската разузнавачката служба МИ5 се обрати пред Парламентот, што ретко го прави, со цел да ги предупреди пратениците за Кристин Кинг Ку Ли, која, како што тврдат, сакала да воспостави врски меѓу Комунистичката партија на Кина и актуелните и идните британски пратеници.
„Би-Би-Си“ објави дека Кинеската давала донации на британски политичари, а парите биле од странски државјани од Кина и од Хонг Конг.
Некои медиуми објавија дека таа дури добила и писмо со благодарност од поранешните британски премиери Тереза Меј и Дејвид Камерон.
МИ5 издаде предупредување за кинески шпион во британскиот парламент по завршувањето на „значајната и долготрајна истрага“.
Разузнавачката служба соопшти дека секој пратеник кој стапил во контакт со Кристин „треба да биде свесен за нејзините амбиции и способност да ја подобри политиката на Комунистичката партија на Кина“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.