Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, не размислува за можно директно членство на Молдавија во Европската унија, туку само за создавање на „нова Голема Романија“.

„Молдавија влезе во долгиот ред за влез во ЕУ, кој се протега со децении. Со среќа! Но, вие сакате да одите побрзо. Затоа, уште еден начин за добивање членство во ЕУ станува многу поактуелен преку создавањето на нова Голема Романија“, напиша Медведев.

Медведев тврди дека романските власти отворено бараат различни можности за „легално преземање“ на Молдавија.

Тој ја обвини молдавската претседателка Маја Санда дека е „подготвена да се откаже од државноста со еден потег“, бидејќи, како што наведува, има и романско државјанство и и било ветено висока позиција во „новата Голема Романија“.

„Во обид да ги задоволат своите нови господари, тие се подготвени да се приклучат на европските санкции против Русија. Па, нека се обидат. Во тој случај, можат да бидат сигурни дека нема да добиваат енергенси од нас по висока цена, туку воопшто нема да добиваат“, заклучи Медведев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.