Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев денеска се прости од Мекдоналдс, велејќи дека во Русија знаат да прават плескавици и кифлички.
Плескавиците и кифличките со одличен квалитет можеме сами да ги правиме. Патем, тоа би можеле да го направат бизнисмени кои се под санкции. Здраво Мекдоналдс.
Извршниот директор на Мекдоналдс Крис Кемпчински на 8 март објави дека сите ресторани на таа компанија во Русија се привремено затворени.
Мекдоналдс е една од низата светски компании кои престанаа да работат во Русија по почетокот на воената операција во Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.