Четири деца загинаа откако маж со секира се качил на ѕидот од детска градинка и го извршил шокантниот напад во Бразил пред да се предаде.

Неименуваниот 25-годишен маж со мотор пристигнал во предучилишната установа во Блуменау, во јужен Бразил, пред да ги нападне децата кои биле во паркот зад училиштето.

Се наведува дека петтото дете е во тешка состојба, додека три повредени се префрлени во болницата Санто Антонио.

Болницата потврди дека примила деца на возраст до две години.

Медиумите јавуваат дека напаѓачот и се предал на полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.