Американската крајбрежна стража и бројни агенции со денови ги пребаруваа водите на океанот кај Бахамите во потрага по млад човек, откако тој доцна вечерта скокна од крузер и исчезна.

Станува збор за 18-годишниот Камерон Робинс, кој во средата околу 23.30 часот скокнал во океанот без појас за спасување, облечен само во костум за капење поради предизвик.

На видеото се гледа како неговите соученици се во шок и се обидуваат да му помогнат со совет да се фати за бовата (пловечкиот знак), но водата го носи во друга насока и тој исчезнува во темнината.


Во моментот кога младиот човек од Луизијана скокнал во морето, бродот бил во близина на Атол, ненаселен остров кој се наоѓа североисточно од Насау. Робинс бил средношколска бејзбол ѕвезда, а на бродот ја славел својата матура со десетици други ученици од другите средни училишта во Батон Руж.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.