Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди воените акции во Украина и ја повика Москва веднаш да ги прекине.

Франција силно ја осудува одлуката на Русија да започне војна со Украина. Русија мора веднаш да ги прекине воените операции“, напиша Макрон на Твитер.

Руските сили истрелаа проектили врз неколку градови во Украина и слетаа војници на нејзините брегови, соопштија официјални лица и медиуми откако претседателот Владимир Путин одобри специјална воена операција на истокот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.