Телата на трите деца и жената, за која се верува дека е нивна мајка, се пронајдени во езеро во американската сојузна држава Минесота.
Американските медиуми потсетуваат дека во текот на вчерашниот ден прво беше пријавено дека во езерото се пронајдени телата на две од трите деца, кои исчезнаа заедно со нивната мајка претходниот ден.
Властите веруваат дека децата намерно се удавени, пренесуваат американските медиуми.
Ниту една од жртвите и оние по кои се трага се уште не се именувани.
Таткото на децата бил пронајден мртов во приколка во градот Мејплвуд, во близина на Минеаполис, а полицијата утврдила дека заедно со децата исчезнала и нивната мајка.
Нема ништо потрагично од загубата на мали деца – изјави шерифот на округот Ремзи, Боб Флечер, додавајќи дека најверојатно станува збор за повеќекратно убиство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.