Седумгодишно дете загина откако падна од патнички траект во Балтичкото Море, соопшти полската полиција додавајќи дека настрадала и мајката на детето, која скокнала во водата по него. Портпаролот на полицијата, Мариуш Цијарка, изјави дека не било можно да се спасат нивните животи.

Двете жртви се државјани на Полска, пренесе АП.

Портпаролот на Шведската поморска управа, Јонас Францен, истакна дека трагедијата се случила вчера, кога детето паднало во вода, а мајката решила да скокне по него. Тој рече дека детето паднало од висина од околу 20 метри.

Мајката и детето се превезени одделно со хеликоптер во болницата во Карлскона.

Во спасувачката операција помогнаа бродови и хеликоптери од Шведска и единици на НАТО кои беа во областа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.