Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, соопшти дека и неговата земја извршила своја специјална операција во Украина.
Лукашенко објасни дека официјален Минск работи на ослободување на белоруските граѓани во Украина.
Белорусија спроведе специјална операција за ослободување на своите камионџии заробени и приведени во Украина.
Се случуваше тие никаквеци таму да почнат да ги фаќаат нашите луѓе, пред се возачи на автомобили, кои во тоа време се најдоа таму. Запленија илјада и пол наши вагони и уапсија стотина наши момци кои ги возеа овие вагони.
Ги предупредив Украинците дека ќе бидеме принудени да спроведеме операција за ослободување на овие луѓе. Направивме таква специјална операција и ги ослободивме сите наши луѓе – изјави Лукашенко
Лукашенко изјави дека сите белоруски граѓани ја напуштиле Украина.
Ако некаде ни се останати еден, двајца, тројца, пет луѓе, треба да поставиме тешки услови, нека разговара белорускиот министер за надворешни работи со овој украински амбасадор дека ако тоа не се направи, ние ќе одговориме поинаку – порача Лукашенко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.