Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека почнува сериозен конфликт меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и украинската армија.

Според моите информации, во Украина почнува сериозна конфронтација и конфликт меѓу Зеленски и украинската армија. Армијата, како никој друг, разбира што е конфликт со Русија. Таму умираат војници. Тие гледаат што можат да направат, колку се способни и колку можат да се борат. И, нема да можат да ја продолжат борбата. Гледате, Русија ја промени својата тактика – изјави Лукашенко пред новинарите.

Лукашенко смета дека причините за конфликтот меѓу Зеленски и претставниците на, како што вели, националистички ориентираната армија треба да се бараат во договорите меѓу Киев и Варшава.

Тие гледаат дека (Зеленски) им додели одреден статус на Полјаците. И до што води тоа? Отсекување на западот на Украина. Затоа почнува конфликтот меѓу претседателот и армијата. И сигурен сум дека украинската армија е подготвена да обезглави некого – истакна Лукашенко, повикувајќи се на извештај на белоруските медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.