Руски и претставници на Луганската Народна Република (ЛНР), обвинуваат дека украинската армија сè уште ја бомбардира територијата на нафтената рафинерија во Лисичанск.

Целта на нападот на фабриката е очигледна. Украинската армија сака да ги уништи сите можности за живот во областа. Порано тука работеа многу луѓе од Лисичанск, зошто да го напуштат? Украинците сакаат зад себе да остават изгорена земја. Ги уништија и градовите Рубежно и Северодонецк. Така ги запалија и полињата со пченица. Нивната цел е да не остават ништо зад себе, да уништат сè, бидејќи, според нивното мислење овде не живеат луѓе, туку, нејасно кој – сепаратисти – за руските медиуми вели претставник на еден од безбедносните оддели на ЛНР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.