Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска телефонски разговараше со својот сириски колега Фајсал Микдад, кому му рече дека ширењето на вооружениот конфликт на територијата на Сирија и другите земји на Блискиот Исток е неприфатливо.
Лавров укажа на неприфатливоста на израелските воздушни напади на територијата на Сириската Арапска Република, кои зачестуваат, се вели во соопштението на руското МНР.
Двајцата функционери разговарале и за опасноста од обидите на надворешните сили „да го претворат Блискиот Исток во геополитичка арена за пресметка“.
Во разговорот била истакната потребата за итно прекинување на крвопролевањето во Газа, како и решавање на сите хуманитарни проблеми кои произлегоа како резултат на борбите.
Министрите ја потврдиле својата посветеност на совесното спроведување на одлуките на Советот за безбедност на Обединетите нации врз основа на почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.