Русија не ги одбива преговорите со Украина, но нивното продолжително одложување од страна на Киев ќе ја усложни можноста за постигнување договор со Москва, изјави во неделата рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Последните преговори мировни руско-украински преговори се одржаа на крајот од март, кога беше најавено дека се надѕира мирот, но потоа наеднаш сите контакти на преговарачите беа прекината.

Шефот на руската дипломатија во интервјуто емитувано на јавната телевизија Россия-1 во програмата „Москва. Кремљ. Путин” потсети дека рускиот претседател Владимир Путин на средбата со челниците на Државната дума и челниците на парламентарните групи.

Обраќајќи им се на учесниците на состанокот, претседател за украинската ‘тема’ рече дека ние не ги одбиваме преговорите, но дека оние коишто ги одбиваат треба да разберат дека колку подолго го одложуваат овој процес, толку потешко ќе им биде да преговараат со нас“, одговори Лавров на новинарско прашење за можно заживување на преговорите.

На почетокот од септември украинскиот претседател Владимир Зеленски официјално ја распушти украинската делегација во трилатералната Контакт група, што се обидува да воспостави мир во источна Украина. Благодарение на Контакт групата, составена од претставници на Русија, Украина, ОБСЕ, водени се преговори на различни нивоа во рамки на Нормандиската четворка – Русија, Украина, Германија, Франција. Резултатот беше потпишување договор за патоказ за мирно решение и прекин на огнот во Донбас во септември 2014 и февруари 2015 година, познат како Мински договори, чиешто непочитување од страна на Киев беше едно од образложенијата на Москва за почетокот на нејзината инвазија во Украина за која вели дека има цел да го заштити тамошното руско и рускојазично население од наводно подготвената воена офанзива на украинската војска.

Како што рече Лавров, алудирајќи на повеќепати повторената порака од Зеленски, властите во Киев велат дека преговорите може да се случат дури по воената победа на Украина.

И тогаш кога ‘Русија ќе ги напушти украинските земји’ тие ќе бидат подготвени да разговараат, наметнувајќи ги своите услови. Тие (властите во Киев) активно се поддржани во тоа, дури и им се потчинуваат во Лондон, Вашингтон, Брисел. Ако тоа е нивниот избор, тогаш знаеме како можеме да ги постигнеме целите поставени од рускиот претседател Владимир Путин како дел од специјалната операција“, рече Лавров.

Првиот руски дипломат во продолжение на интервјуто изјави дека Русија сѐ уште не ги добива информации од Западот за како што рече, провокацијата во Буча. Станува збор за предградие на украинската престолнина Киев од каде руските сили се повлекоа во март, а по неколку дена Украина објави дека таму наводно руските војници направиле воено злосторство а бројни светски челници го посетија местото и остро ја критикуваат руската страна. Москва во своја одбрана посочува дека станува збор за исцениран случај во соработка меѓу украинската и западните воени тајни служби, како и западни медиуми, истакнува дека Буча била гранатирана од украинската војска и прашува зошто по четири дена е објавено за наводното злосторство и откако градоначалникот во изјава за медиумите веднаш по влегувањето на украинските сили не зборувал за некакви масовни ликвидации.

Тие изразуваа жестока огорченост и вината ја префрлија на Русија, сѐ уште не можат да ни одговорат на прашањето дали е можно барем да се добијат имињата на луѓето коишто, според нив, биле убиени од руската армија. Тие (Западот) се кријат кога бараме да одговорат на нашите легитимни прашања за тоа каде се Скрипал, зошто не се презентирани докази за обвинувањата“, рече Лавров.

На почетокот од 2019 година хакерите од групата позната под називот Anonymous објавија документи според кои соработници на проектот Integrity Initiative, биле ангажирани неколку години пред во пролетта 2018 година во англискиот град Солсбери да се случи труењето на поранешниот двоен руско-британски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка наводно со нервниот агенс „новичок“ за што беше обвинета Русија и предизвика жестока дипломатска криза меѓу Западот и Москва која резултираше со санкции и двострано протерување на стотици дипломати.

Материјалите до кои дошле хакерите, укажуваат дека ангажираните експерти неколку години пред „случајот Скрипал“ сугерирале некаква „трагедија“ за протерување на руски дипломати од Велика Британија и која ќе биде искористена за јакнење на британскиот одбранбен систем. Се истакнува, дека меѓу лицата вклучени во споменатиот проект Integrity Initiative имало и специјалисти за хемиско оружје коишто контактирале со регрутерот на разузнавачи кој живеел во соседството на Сергеј Скрипал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.