Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, по средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Женева истакна дека Русија никогаш не му се заканувала на украинскиот народ.


– порача шефот на руската дипломатија.

Лавров, исто така, порача и дека се надева дека „емоциите ќе стивнат“ по „искрените“ разговори со САД.

Русија не исклучува дека целата хистерија што Западот ја крева околу Украина има за цел да ја прикрие политиката на Киев за саботирање на договорот Минск-2 – изјави Лавров.

Тој истакна дека НАТО работи против Русија, поради што Москва се противи на проширување на блокот кон Исток.

Шефот на руската дипломатија го повика Блинкен да го искористи своето влијание за да го „вразуми Киев“.

Русија смета дека прашањето за Украина бара големо внимание, но тоа не може да се сведе на целата тема на европската безбедносна архитектура – изјави Лавров.

Тој изјави дека Путин е секогаш подготвен за средби со Бајден, но тие средби мора да бидат добро подготвени.

Според Лавров, разговорот со американскиот државен секретар бил „корисен и искрен“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.