Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров му пренел на иранскиот колега, Хосеин Амир Абдолахијан, дека западните медиуми покренале кампања што може да предизвика ескалација на тензиите во Заливот, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Во телефонскиот разговор со шефот на иранската дипломатија Лавров ја коментирал „штетноста на информативната кампања започната од западните медиуми“.

Лавров му рекол на Абдолохиан дека таквите акции може да доведат до опасна ескалација на тензиите во стратешки важниот регион.

Претставник на Белата куќа претходно денеска соопшти за загриженоста на Вашингтон поради иранските закани за Саудиска Арабија и упати порака до Техеран дека САД нема да се двоумат да реагираат доколку е потребно.

Изјавата на функционерот дојде откако весникот „Волстрит журнал“ објави дека Ријад споделил разузнавачки информации со САД за можен ирански напад врз цели во Саудиска Арабија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.