Велика Британија успешно го заврши тестирањето на своето ласерско оружје „Драгон фајр“ (DragonFire) на полигон за ракетни тестирања во Хебридите, архипелаг острови во близина на Шкотска.

Британското Министерство за одбрана наведува дека системот „Драгон фајр“ може да делува врз беспилотни летала од различни позиции на растојанија од „неколку километри“. Специфичниот опсег на системот сè уште не е откриен.

По ваквото соопштение, Украина веднаш ја објави својата подготвеност да спроведе тестови на таквото оружје на своја територија. Како одговор, Британците изјавија дека немаат планови да го распоредат системот на друго место.

Со оглед на дострелот на британскиот системот од „неколку километри“, новото оружје ќе треба да се тестира блиску до линијата на фронтот. Во такво сценарио, ова „супер оружје“ би станало главна цел за артилериските и воздушни напади на руските сили, а евентуалниот неуспех или уништување на овој ветувачки систем, би резултирал со значително нарушување на угледот на британското оружје. Уште поголема опасност е ризикот борбениот систем потенцијално да заврши во рацете на рускиот воено-индустриски комплекс.

Поради тоа, иако Украина служи како полигон за тестирање на западните оружја и идеи во последните две години, тешко е веројатно дека Британците ќе преземат акција да го испратат својот ласерски борбен систем на фронтот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.