Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба побара од светот да одговори на „масакрот“ што се случи во Буча, во близина на Киев.

Русите сакаат да елиминираат што повеќе Украинци, напиша Кулеба на Твитер.

Тој ја повика групата Г7 да воведе санкции кон Русија како одговор на злосторството. Говорејќи за Тајмс радио, Кулеба рече дека руските војници егзекутирале цивили додека се повлекувале од регионите „од бес и само затоа што сакале да убијат“.

Убиваа цивили додека си заминуваа, се повлекуваа, од бес и само затоа што сакаа да убијат. Немаше добра причина за нив. Тие не беа герилци, не беа луѓе што им се спротивставија. Русија е полоша од ИСИС, точка, рече Кулеба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.