Не постои пример за економска војна каква што се води против Русија, ова е ситуација без преседан, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков пред медиумите нагласи дека попусто е да се прогнозира растот на цените, како и оти потребно е преземање мерки за ублажување на негативните последици. Тој одби коментар на прашањето за можен натамошен раст на инфлацијата во Русија.

Никогаш немало ваква економска војна како таа што е започната против нашата земја. Затоа е многу тешко да се предвиди било што. Сега не треба да прогнозираме туку да дејствуваме – да дејствуваме за да ги минимизираме негативните последици и натамошните ризици – посочи тој.

Песков уште рече дека Русија работи на минимизирање на последиците од покачената инфлација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.