Кремљ во понеделникот одби да го коментира написот на The Wall Journal дека Вашингтон одржува доверливи договори со највисоките руски функционери за избегнување натамошна ескалација на војната во Украина.
Весникот, повикувајќи се на неименувани високи американски функционери, пишува дека советникот на национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, разговарал со соработниците на рускиот претседател Владимир Путин за да се намали ризикот војната во Украина да ескалира, па и во нуклеарен судир.
Немаме што да кажеме за таа објава. Уште еднаш повторувам дека има вистинити написи, но главно станува збор за написи кои се чистo нагаѓање“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на редовниот брифинг и ги упати новинарите одговорите да ги побараат во Белата куќа или во весникот кој ја објави веста.
Песков додаде дека Русија останува отворена за преговори, но потсети дека Киев одбива да преговара со Москва.
Во јавноста се знае за многу малку контакти на високо ниво меѓу американските и руските функционери последните неколку месеци, бидејќи Вашингтон декларативно инсистира сите преговори за завршување на војната во Украина да се водат меѓу Москва и Киев. Но украинскиот претседател Владимир Зеленски минатиот месец потпиша указ со кој се забрануваат преговори со Русија додека претседател е Владимир Путин.
Официјалните лица, според весникот, рекле дека американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан бил во контакт со Јуриј Ушаков, советник за надворешна политика на Путин, како и дека разговарал и со неговиот директен колега во руската влада, Николај Патрушев. Целта беше да се избегне ризикот од ескалација на судирот и да се одржат отворени комуникациските канали, а не да се разговара за решавање на војната во Украина, рекле соговорниците на WSJ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.