Кремљ денеска го обвини Западот дека води дипломатска, економска и политичка војна против Русија, пишува ДПА.
Ова се непријателски држави бидејќи она што тие го прават е војна, рече портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на денешната конференција за образование одржана во близина на Москва.
Претходно, претседателот Владимир Путин ги нарече западните санкции економски „Блицкриг“, додека инвазијата на Украина сè уште ја нарекува „специјална воена операција“.
Песков рече дека неговата земја доживува „момент на вистината“, поради што Русија мора да биде способна да ги заштити своите интереси.
Секоја војна завршува со мир. А тој мир ќе биде оној во кој ќе се слушне нашиот глас, нагласи Песков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.