Кремљ оцени денеска дека испораката на француски ракети со долг дострел за Украина, која ја најави Емануел Макрон, е „грешка“ што ќе ја принуди Русија да преземе „противмерки“ во конфликтот во Украина.

Од наша гледна точка, ова е погрешна одлука, со сериозни последици за украинската страна, бидејќи, се разбира, ќе не принуди да преземеме противмерки – изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска, на првиот ден од Самитот на НАТО што се одржува во Вилнус, најави дека Франција ќе и испорача на Украина ракети со долг дострел „Скалп“.

Крстосувачката ракета „Сторм Шедоу“, која француската војска ја нарекува „Скалп“, заеднички ја развиле Велика Британија и Франција, а се лансира од воздух.

Обединетото Кралство во мај најави дека ќе испрати ракети со долг дострел во Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.