– Кремљ го осуди обраќањето на американскиот претседател Џо Бајден во кое тој ја спореди Русија со терористичката група Хамас и го нарече Владимир Путин „тиранин“.

– Не прифаќаме таков тон во однос на Руската Федерација, во однос на нашиот претседател, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Бајден, во вчерашното обраќање до нацијата од Овалната соба, рече дека САД мора да застанат со Израел и Украина пред Русија и Хамас, кои се обидуваат „целосно да ја уништат соседната демократија“.

– Не можеме и нема да дозволиме терористите како Хамас и тираните како Путин да победат. Одбивам да дозволам тоа да се случи, нагласи Бајден.

Песков рече дека таквата „реторика тешко одговара за одговорни лидери на држави и тешко дека може да биде прифатлива“ за Москва.

Напорите на САД да ја „задржат“ Русија ќе се покажат како неефикасни, додаде портпаролот на Кремљ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.