Американскиот Конгрес е блиску до постигнување договор за нацрт-законот кој предвидува нови економски санкции против Русија и се закани со „сериозни последици“ за Москва доколку ја нападне Украина.
Според влијателниот демократски сенатор Боб Мененедез, некои санкции би можеле веднаш да бидат воведени поради она што Русија веќе го направила, како што е, како што наведе, кибер-напад врз Украина.
На прашање на „Си-Ен-Ен“ за работата меѓу демократите и републиканците за новите санкции против Москва, Менендез, кој е претседател на Комитетот за надворешни односи на Сенатот, изјави дека се блиску до договор и се надева дека успешно ќе го склучат.
Неспорно е дека постои неверојатна решеност кај двете страни да ја поддржат Украина и да има тешки последици за Русија доколку изврши инвазија – изјави Менендез.
Иако зборуваат за единство по основа на санкциите против Русија, републиканците и демократите се повеќе поделени кога станува збор за нивното стапување во сила, коментираат локалните медиуми.
Републиканците се за превентивни мерки за инвазијата, додека демократите сакаат санкциите да се сметаат како закана во случај на руска офанзива против Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.