Актуелната претседателка на Европската комисија која е денеска во Македонија за да ги надгледува пратениците додека го гласаат т.н француски предлог во Брисел важи за класичен бирократ и послушник на политиките на ЕУ.

Има 63 години и во политиката ја воведе Ангела Меркел од Христијанско демократската унија во 2005 години. Таа беше министерка за труд и социјала и за одбрана за по повлекувањето на Меркел се сели во Брисел како прв човек на ЕК.Има седум деца и важи за голема конзервативка.

Таа беше дел од голем скандал откако среде корона криза се допишувала со Алберт Бурл, шеф на американската фармацевтска компанија „Фајзер“.

Унијата потоа склучи „договор“ за набавка на неколку милијарди дози од вакцината на „Фајзер“, а јавноста остана покуса за точната договорена цена, иако медиумите шпекулираат со сума од околу 35 милијарди евра.

Таа беше критикувана и за бришење податоци од официјални телефони. Тоа беше во период сè уште беше германска министерка за одбрана, од 2013 година до јули 2019 година.
Тогашната опозиција ја обвини Фон дер Лајен дека ги уништила доказите во таканаречената „консултантска афера“ со бришење пораки од телефонот.

Се појавија и блиски врски меѓу Министерството за одбрана и консултантската куќа „Мекинзи“, каде што работеа и децата на Урсула фон дер Лајен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.