Сопственикот на „Твитер“ и на „Тесла“, Илон Маск, повеќе не е најбогатиот човек на светот, покажуваат податоците на престижниот њујоршки магазин „Форбс“.

Маск падна од првото место по купувањето на „Твитер“ за 44 милијарди долари и продажбата на акции во неговата компанија за електрични автомобили.

Првото место го зазеде Бернар Арно, сопственикот на луксузниот бренд „Луј Витон“ и бројни компании чие богатство според „Форбс“ се проценува на 185,4 милијарди долари.

Маск, кој беше на првото место до септември 2021 година, има проценета нето вредност од 185,3 милијарди долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.