Не верувајте на лаги. Верувајте на информациите само од службени извори“, порача градоначалникот на престолнината на Украина, Виталиј Кличко.

Претходно, „Асошиејтед прес“ објави дека Киев е опколен, но, спремен за борба. Но, неговиот портпарол рече дека Кличко е лошо интерпретиран и дека таа информација е лага и манипулација.

Британски „Гардијан“ пренесува дека и самиот Кличко изјавил дека информациите дека Киев е опколен се лажни.

„Руските медиуми ширеа информации за мене, дека Киев е опколен и дека евакуацијата на луѓето е невозможна. Не верувајте во лаги, верувајте само во информации од службени извори“, рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.