Риши Сунак е новиот лидер на британските конзервативци и премиер на Велика Британија. Негова главна поддршка во борбата за местото премиер, е неговата сопруга Акшата Мурти.
Тие се запознале за време на студирањето на Универзитетот Станфорд. Парот се венчал четири години подоцна, односно во 2009 година. Во 2013 година се преселиле во Велика Британија, а две години подоцна Риши станал пратеник на Ричмонд во Јоркшир.
Инаку Акшата е ќерка на шестиот најбогат човек во Индија, милијардерот Н.Р. Нарајана Мурти, кој е соосновач на успешна ИТ компанија, Инфосис. Дури и Тајмс го има прогласено за еден од најдобрите стопанственици на Индија.
Акшата долго години работела во финансии и маркетинг, ама таа област ја напуштила и се свртела кон својата голем љубов, модниот дизајн. Денеска ја води модната куќа Акшата Дизајн, а како што и самата има кажано, профитот не и е битен, туку работата ја води од љубов.
Риши во бракот со Акшата добил две ќерки, Кришна и Анушка, кои парот ги држи подалеку од очите на јавноста.
Бројните извештаи покажуваат дека Акшата Мурти е неверојатно богата, а многумина проценуваат дека е побогата и од покојната кралица Елизабета втора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.