Кинескиот претседател, Си Џинпинг, во своето новогодишно обраќање порача дека кинеската политика во врска со Ковид-19 спасила животи, повикувајќи на повеќе напор и единство додека земјата влегува во „нова фаза“ во нејзиниот пристап кон пандемијата.

Си, во телевизискиот говор истакна дека Кина надминала невидени тешкотии и предизвици во борбата против Ковид-19 и оти нејзините политики се оптимизирани кога тоа го бара ситуацијата и времето.

Ова е прв јавен коментар на Си за кинеската политика за Ковид-19 откако официјален Пекинг го укина строгиот пристап за нулта ковид врз основа на масовно тестирање, централизиран карантин и заклучување што ги одржуваше скоро три години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.