Kинескиот амбасадор во Вашингтон, Чин Ганг, во интервју за американската радио станица НПР порача дека поддршката на Вашингтон за аспирациите за независност на Тајван се закана за оружен конфликт меѓу САД и Кина.

Доколку тајванските власти, охрабрени од САД, продолжат на патот кон независност, тоа најверојатно ќе ги вовлече Кина и САД во оружен конфликт – истакна Чин.

Дипломатот го нарече Тајван „најголемото буре барут“ во односите меѓу Пекинг и Вашингтон. Тој нагласи дека Кина е посветена на мирно обединување со островот, но нема да се откаже ни од воените средства, ако биде приморана на такво нешто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.