Владин кинески функционер е осомничен за шпионажа во корист на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА).

Според кинеските власти под истрага е 39-годишен маж, кој бил вработен во едно Министерство. Тој додека бил на обука во Јапонија стапил во контакт со службеник од Амбасадата на САД.

Кинеското Министерство за државна безбедност наведува дека осомничениот, со презиме Хао по враќањето од обуката во Јапонија „воспоставил неколку тајни контакти со претставници на ЦИА во Кина“ и им давал информации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.