Извозот на автомобили од Кина во 2021 година бил речиси двојно зголемен во споредба со претходната година и првпат во историјата бројот на извезени автомобили надмина 2,02 милиони.

Во извештајот на кинеската Асоцијација на автомобилската индустрија се наведува дека снабдувањето со автомобили во странство со нови извори на енергија е тројно зголемено, на 310.000 единици. Извезени се 1,61 милион патнички автомобили, а извозот на комерцијални возила е зголемен на 402.000 примероци.

Само во декември кинеските производители на автомобили извезле 223.000 автомобили, што е зголемување од 54 отсто.

Водечката Кинеска корпорација за инвестициско банкарство (КИЦ) очекува продажбата на автомобили да се зголеми за 6,2 отсто оваа 2022 година.

Побарувачката на потрошувачите за кинески автомобилски производи се очекува да го задржи својот постојан раст и во 2022 година – се наведува во годишниот извештај на КИЦ.

Според прогнозите, вкупната продажба на автомобили во 2022 година ќе достигне 27,22 милиони единици. Продажбата на патнички автомобили се очекува да се зголеми за осум отсто – до 22,76 милиони. Ќе се произведат и 2,2 отсто повеќе камиони и други комерцијални возила, или 4,46 милиони единици.

За годинава, КИЦ очекува и зголемување на продажбата на сѐ попопуларните електрични возила на две тркала, кои се предвидува да достигнат 54 милиони, што е за 14,9 отсто повеќе од 2021 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.