Кина повикува на воздржаност од неосновани обвинувања за случувањата во Буча, мора да се проверат околностите и обвиненијата да се засноваат на факти, изјави постојаниот претставник на Кина во ОН, Жанг Џун, на седницата на Советот за безбедност на светската организација.
Извештаите за цивилни жртви во Буча се загрижувачки. Треба да се проверат и да се утврдат соодветните околности и конкретните причини за инцидентот – изјави Џан.
Според него, сите обвинувања мора да се засноваат на факти.
Пред да се донесат заклучоци, страните мора да се воздржат и да избегнуваат неосновани обвинувања – нагласи тој
Руското Министерство за одбрана ги отфрли обвинувањата на украинските власти за наводно убивање цивили во населбата Буча во регионот на Киев, нарекувајќи ги монтиран настан за западните медиуми да ја дискредитираат Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.