Kинеското Министерство за надворешни работи ги предупреди САД дека ќе преземе строги мерки доколку претседателката на американскиот Претставнички дом, Ненси Пелоси го посети Тајван.

Пекинг истакнува дека евентуалната нејзина посета сериозно ќе ги наруши кинеско-американските односи, бидејќи Кина силно се спротивставува на сите форми на официјални односи меѓу САД и Тајван – порача портпаролот на министерството Жао Лиџијан.

Од кабинетот на Пелоси нема официјална потврда за нејзината можна посета на Тајван, но некои медиуми пишуваат дека таа ќе замине на Тајван следната недела, пренесе „Ројтерс“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.