Градоначалникот на Мелитопол, Иван Федоров, за кого украинската страна тврди дека бил киднапиран од руските сили, најверојатно бил однесен во Луганск, каде го држи руската армија, соопшти синоќа регионалната воена управа на Запорожје.

„Според достапните информации, киднапираниот градоначалник на Мелитопол, Иван Федоров, е задржан од рускиот окупатор во Луганск, каде е обвинет за тероризам“, се вели во соопштението, пренесе Укринформ.

Кога станува збор за градоначалникот на Днепрорудни, Јевхен Матвијев, за кого украинската страна исто така наведува дека е киднапиран, не е позната неговата судбина, додава Укринформ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.