Претседателот на Казахстан Касим-Жомарт Токаев за време на обраќањето до нацијата, издаде наредба да се отвори оган „врз терористите“ без предупредување.
Претседателот рече и дека казахстанските власти немаат намера да преговараат со терористите.
Од странство се повикуваат страните да преговараат за мирно решавање на проблемите. Целосна глупост. Какви преговори може да се водат со криминалци, со убијци? – Имаме работа со вооружени и обучени бандити, рече Токаев.
Казахстанскиот лидер рече дека главниот град на државата бил нападнат од 20.000 „бандити“ и изрази „посебна благодарност“ до рускиот претседател Владимир Путин за испраќањето војници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.