Преку безбедносни канали на комуникација, Атина до Киев одговорила негативно за евентуалната можност да испрати дополнително оружје од грчката армија за зајакнување на одбраната на Украинците, објави грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина.
Весникот, повикувајќи се на добро информирани извори пишува дека не постоело официјално барање од Киев до Атина, туку украинската страна ја испитувала можноста за евентуално Грција да испрати противвоздушни системи од стара советска технологија, односно дел од противвоздушните системи со краток дострел TOR-M1 или OSA-AK од военото воздухопловство и армијата .
Исто така, надлежни извори додале дека барем засега не се покренува прашањето за испраќање ракети С-300 на военото воздухопловство, кои се чуваат на Крит.
„Катимерини“ коментира дека откако првично беа испратени калашникови и фрлачи за Украина, „Атина ја следи пошироката линија на ЕУ за посветеност на потребата од дипломатско решение“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.