Највисокиот претставник на Римокатоличката црква во Израел, кардиналот Пјербатист Пикабела порача дека ќе биде подготвен да се понуди на Хамас во замена за заложници.

Понудата на кардиналот не е официјален предлог, туку е дадена како одговор на хипотетичко прашање на новинар и малку е веројатно дека Хамас, за кој се верува дека држи најмалку 199 заложници во Газа, сериозно ќе ја разгледа.

Ако е можна размена или нешто што може да им донесе слобода на децата, нема проблем. Јас сум апсолутно подготвен“, порача кардиналот Пикабела.

Тој беше критикуван од израелските власти за првата реакција на нападот на Хамас што дојде од заедницата на христијански лидери во Ерусалим, на која и припаѓа, изразувајќи загриженост за палестинските жртви во Газа.

Пикабела се огради од реакцијата на христијанските водачи во Ерусалим, велејќи дека не учествувал во нејзиното објавување. Тој додаде дека чувствува одредена збунетост во врска со начинот на кој е објавена и дека го разбира гневот на Израел.

Израелското Министерство за надворешни работи е многу иритирано, ќе употребам еуфемизам. Ги разбирам нивните причини, исто така чувствувам извесна збунетост“, рече тој и објасни дека нема да ја елаборира темата поради чувство на одговорност кон други црковни лидери.

Во Ерусалим има десетина христијански водачи, многу од нив ги претставуваат католичките и православните цркви кои се присутни во регионот уште од раното христијанство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.