Канадските власти имаат намера да и достават противтенковско оружје на Украина. Тоа го соопшти канадскиот премиер Џастин Трудо.

Објавуваме денеска дека ќе ја снабдиме Украина со системи за противтенковско оружје и модернизирана муниција – истакна Трудо.

На 27 февруари, канадските власти објавија дека донеле одлука да ја снабдат со оружје Украина во вредност од 25 милиони американски долари (19,6 милиони американски долари). Според канадската министерка за одбрана Анита Ананд, првиот авион со опрема вечерва ќе лета од Канада кон Европа.

Трудо најави и дека Канада ќе го забрани увозот на нафта од Русија.

Објавивме денеска и забрана за целиот увоз на сурова нафта од Русија, индустрија која донесе големи придобивки за рускиот претседател Владимир Путин и неговите олигарси. И додека Канада увезе многу малку количества во изминативе години, оваа мерка испраќа силна порака – додаде канадскиот премиер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.