Контроверзниот инженер и поранешен советник за нуклеарен отпад во администрацијата на Џо Бајден, Сем Бринтон, беше уапсен оваа недела во неговиот дом, потврди американската полиција.

Семјуел Бринтон (35) е приведен во неговиот дом во Роквил, Мериленд, во средата во 22 часот, изјави за „Пост“ полицискиот оддел во Монтгомери.

Бринтон моментално е во притвор под сомнение за тешка кражба на имот на аеродромот „Роналд Реган“ во февруари 2023 година. Адвокатот на танзанската модна дизајнерка Азија Камсин изјави дека обвиненијата се поврзани со нејзиниот исчезнат куфер.

Бринтон, кој се идентификува како небинарна личност и ги користи  заменки „тие“, беше отпуштен од функцијата кон крајот на минатата година откако беше фатен во низа кражби на багаж.

Тој првпат беше обвинет за кражба на женски куфер од аеродромот во Минеаполис лани во април. Иако на почетокот негираше, на крајот призна дека „по грешка“ зел куфер вреден повеќе од 2.500 долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.